• четврток, 12 септември 2024

Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија

Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружуван од министерката за енергетика, рудници и минерални суровини, Сања Божиновска, вчера се сретнал со Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија.

Како што соопшти Кабинетот на Меџити, на средбата се разговарало за билатералните односи и одличната соработка што нашата земја ја има со американската агенција УСАИД, која има реализирано голем број инвестиции во Северна Македонија.

Двете страни ја истакнале важноста од зајакнување на билатералните односи и зголемување на соработката во клучните области од заеднички интерес.

На средбата со МекКи, првиот потпретседател на Владата разменил мислења за најновите политички и економски случувања во нашата земја, при што ја истакнал улогата на политичката стабилност во создавањето погодна средина за странски инвестиции. Беа истражени можностите за заеднички иницијативи околу еколошките предизвици, вклучувајќи ги климатските промени и одржливиот развој.

Двете страни ја препознале важноста на заедничките напори за решавање на еколошките прашања и поддршката на зелените иницијативи, стои во соопштението. нд/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан