• понеделник, 14 октомври 2024

Филипче го осуди политичкото дискредитирање на историската комисија

Филипче го осуди политичкото дискредитирање на историската комисија

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска го осуди, како што кажа, политичкото дискредитирање на членовите на историската комисија и дека ја поддржува идејата за вклучување на странски експерти во нејзината работа. 

-Најпрво да го осудам политичкото дискредитирање на членовите на историската комисија. Сметам дека таа има јасно утврдена задача а тоа е да утврди заедничко толкување на историски факти. И тука за политика воопшто нема место и дополнително со политизација и со обиди за политичка дискредитација ние ја поткопуваме суштината на целокупниот процес и сериозно ги дискредитираме, тие политичари што тоа го прават, експертизата на членовите кои работат таму, а таму работат професионалци од тие области, изјави денеска претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче.

Според него, политичарите можеби ќе помогнат доколку иницираат дополнителен модел на пример странски експерти по примерот на некои европски држави. 

-Сметам дека вклучувањето на меѓународни експерти во историската комисија со Бугарија вооппто не е лоша работа. Прво дефинитивно ќе влијаат на елиминирањето на политичките влијанија кои на никого не му носат добро а ќе внесат искуства од претходни комисии каде работеле. Така што го осудувам политичкото дискредитирање и политизацијата на историската комисија, изјави Флипиче на прес-конференција во Собранието. ев/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан