• среда, 21 август 2024

Празнични богослужби во манастирот во Матка за Успение на Пресвета Богородица

Празнични богослужби во манастирот во Матка за Успение на Пресвета Богородица

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Во пресрет на одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје во вторник на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба и полноќно бдение.

На денот на празникот 28 август, во утринските часови во манастирот ќе се одржи Света божествена литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г.г. Стефан.

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата ќе се одржи крводарителска акција.са/ев/

Фото: Манасстир Успение на Пресвета Богородица - Матка 

 

 

Остани поврзан