• сабота, 23 ноември 2024

По пет години оформена фудбалска школа за деца од населените места во Општина Јегуновце

По пет години оформена фудбалска школа за деца од населените места во Општина Јегуновце
Тетово, 29 јуни 2022 (МИА) - По пет години прекин летово започна да функционира Фудбалска академија Јегуновце, фудбалска школа за деца од десетината населени места во Општина Јегуновце. Тие тренираат на игралиштето во Јегуновце, поранешен фудбалски дом на ФК Југохром. - Огромен е интересот за тренирање на фудбал кај децата од населените места во општината и затоа ја започнавме оваа академија.  Почнавме со тренинзи од почетокот на јуни и достигнавме бројка од 64 деца. Интересот и понатаму е голем и очекуваме да се зголеми бројот на деца. Во јули правиме летна пауза, па од 15 август ќе се продолжи со тренинзи. Од септември ќе се натпреваруваме и во Детската лига на ФФМ, како и во Регионалната лига со деца родени 2009/2010, изјави тренерот Мишо Маринковски. Идејата за развивање на млади фудбалери е помогната и од Општина Јегуновце, како и од дијаспоратата. - Општината ни пружа голема помош и ќе има голема заслуга за развој на млади фудбалери од нашиот крај. Со нивна помош оспособен е теренот на игралиштето во Јегуновце, а тие обезбедуваат и комби превоз за децата кои од десетина села доаѓаат во Јегуновце за тренинг. За опремата ни помогнаа иселениците од нашиот крај со чија помош се обезбедија топки, дресови  слично, изјави Маринковски. Тренерот Маринковски е поранешен фудбалер на „Тетекс“ и „Вардар“. ас/цр

Остани поврзан