• понеделник, 23 декември 2024

Салиу-Џусти: Вклучување на ромските деца во образовниот систем, да се обезбедат еднакви можности за сите деца

Салиу-Џусти: Вклучување на ромските деца во образовниот систем, да се обезбедат еднакви можности за сите деца

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Министерот задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, Шабан Салиу, денеска се сретнал со  Франческо Саверио Џусти, амбасадор на Суверениот воен ред на Малта.

-За време на средбата, амбасадорот ја изрази својата загриженост за состојбата на ромската заедница, особено за положбата на ромските деца. Тој истакна дека Суверениот Ред на Малта ја смета ромската заедница за свој пријател и дека акцентот треба да се стави на вклучувањето на ромските деца во образовниот систем, истакна Салиу.

Амбасадорот, исто така, нагласил дека образованието е клучно за постигнување на вистинска инклузија и дека преку образованието ќе се создадат услови за целосна интеграција на ромската заедница во општеството.

Во таа насока, тој изразил подготвеност да ја понуди својата поддршка, посебно во поглед на помошта за младите и за подобрување на условите во училиштата, со цел да се обезбедат еднакви можности за сите деца.

Салиу изрази надеж дека таа поддршка ќе биде клучна за создавање подобри услови за идните генерации на нашата заедница и за остварување на нивниот целосен потенцијал. нд/вј/

Фото: Шабан Салиу

Остани поврзан