• среда, 21 август 2024

Поради дефект поголем дел од Делчево без вода за пиење

Поради дефект поголем дел од Делчево без вода за пиење

Делчево, 21 август 2024 (МИА) – Поради дефект на главната водоводна линија Делчево утрово е без вода за пиење.

Дефектот како што информираа од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ е настанат во раните утрински часови на главната доводна линија од Тработивиште до Делчево.

-Се работи за непланиран дефект на кој наши екипи се на терен и работат на негово санирање. Очекуваме за најкратко време дефектот да биде отклонат, истакнаа од ЈКП Брегалница Делчево.

Упатија благодарност на разбирањето и упатија на стрпливост кај граѓаните, додека дефектот биде саниран. вс/ир

Фото: МИА

Остани поврзан