Поради дефект без вода корисниците од населбата 11 Октомври во Кисела Вода
- Поради дефект на улична цевка од ф 200мм на улица „Спиро Гулапчев“ бр. 11, без вода ќе останат корисниците од населба 11-ти Октомври - Кисела Вода.
Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Поради дефект на улична цевка од ф 200мм на улица „Спиро Гулапчев“ бр. 11, без вода ќе останат корисниците од населба 11-ти Октомври - Кисела Вода.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 до завршување на интервенцијата. сст/
фото МИА архива