Полска ќе спроведе програма за доброволна воена обука, целта е годишно да има 100.000 доброволци
- Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Владата сака да започне нова програма за доброволна воена обука почнувајќи од идната година.

Варшава, 11 март 2025 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Владата сака да започне нова програма за доброволна воена обука почнувајќи од идната година.
Целта на програмата е годишно да се обучуваат 100.000 доброволци.
„Најважната цел за нас е секој кој е заинтересиран за обука да може да учествува во неа најдоцна до 2026 година. Тоа е тешка задача, но знам дека е изводлива“, рече Туск пред седницата на полската Влада. рп/
Фото: ЕПА