• вторник, 24 декември 2024

Поднесена кривична пријава против поранешен директор на ЈП Комунална чистота - Богданци

Поднесена кривична пријава против поранешен директор на ЈП Комунална чистота - Богданци

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија, против поранешен директор на ЈП Комунална чистота - Богданци, поради злоупотреба на службената положба.

Како се наведува во соопштението на МВР, во периодот од 1 јануари 2019 до 31 декември 2022 година, лицето Р.П. како директор на Јавното претпријатие пропуштил да бидат наплатени долгови кај корисници и со тоа причинил штета во висина од околу 360.000 денари.

– Во временскиот период од 01.01.2019 до 31.12.2022 во својство на службено лице, односно вработен како директор во јавното претпријатие, со неизвршување на своите службени обврски, сторил повреда на повеќе одредби од подзаконски акти и договори, односно пропуштил да бидат наплатени долгови по основ на извршени услуги од ЈП Комунална чистота - Богданци, направени од страна на физички и правни лица од Општина Богданци, не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред истите да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот од корисниците на услугите, при што била причинета вкупна материјална штета во висина од околу 360.000 денари на ЈП Комунална чистота - Богданци, стои во соопштението на МВР.

Со тоа, додаваат, пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво според член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ. ра/aa/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан