• понеделник, 16 декември 2024

Пешак загина во сообраќајка кај Валандово

Пешак загина во сообраќајка кај Валандово

Струмица, 29 ноември 2024 (МИА) - На местото викано „Страиште“ кај Валандово вчера околу 17:30 часот загина А.Т. (68) од селото Казандол, валандовско, отакако во него удрило товарно возило.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Таа информираше дека товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, валандовско. Од здобиените повреди на местото починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Валандово.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и екипа на ОВР Валандово.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. рт/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан