Пакомак го распиша конкурсот Trash for Art 2025 - Од отпад до уметничко дело
- Пакомак го распиша конкурсот Trash for Art 2025 - Од отпад до уметничко дело. Конкурсот е отворен од 20 февруари до 12 март годинава. Trash for Art 2025 е отворен за сите деца и возрасни, а пријавените дела ќе се натпреваруваат во три категории - градинки, основни училишта и поединци и други организации. За секоја од категориите се предвидени по три парични награди.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Пакомак го распиша конкурсот Trash for Art 2025 - Од отпад до уметничко дело. Конкурсот е отворен од 20 февруари до 12 март годинава. Trash for Art 2025 е отворен за сите деца и возрасни, а пријавените дела ќе се натпреваруваат во три категории - градинки, основни училишта и поединци и други организации. За секоја од категориите се предвидени по три парични награди.
-Секој отпад не мора да биде ѓубре! Пакомак ве повикува да ја истражите вашата креативност и да го испратите вашето уметничко дело направено од амбалажен отпад на овогодинешниот награден конкурс Trash for Art. Trash for Art 2025 е отворен за сите деца и возрасни, а пријавените дела ќе се натпреваруваат во три категории: 1) градинки, 2) основни училишта и 3) поединци и други организации. За секоја од категориите се предвидени по три парични награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и за трето место (10.000 денари). Оваа година ќе биде доделени и специјални награди од Нула Отпад ДОО Скопје за скулптура направена од електронски отпад, со идентичен награден фонд за прво, второ и трето место како и во другите категории, информираат од Пакомак.
Испратените дела треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или од различен тип амбалажа) и да бидат високи не повеќе од 150 сантиметри. За уметничките дела од електронски отпад треба да се употребат минимум три дела од електронски отпад и отпадни батерии.
-Конкурсот трае од 20.2.2025 до 12.3.2025 година. Сите скулптури ќе треба да се достават или испратат по карго служба во Лабораториум, на „Булевар Климент Охридски“ бр. 68 во Скопје на 11.3.2025 или 12.3.2025 помеѓу 10 до 18 часот. Одбраните дела од секоја категорија ќе бидат објавени на веб-страницата на Пакомак и истите ќе останат во сопственост на компанијата. Недобитните дела ќе може да се подигнат на 14.03.2025 година, најдоцна до 16 часот, појаснуваат од комапанијата.
Напоменуваат дека еден учесник може да пријави и повеќе дела, но не може да освои повеќе од една награда. Пријавата за учество се пополнува при предавањето на делата и не е потребно претходно пријавување. Повеќе информации на www.pakomak.com.mk и на страницата на „Facebook“ страницата https://www.facebook.com/Pakomak.mk . сст/мч/
фото Пакомак