Петнаесет загинати во обилните дождови во Кина, илјадници евакуирани
- Петнаесет лица загинаа, а четири се водат како исчезнати по бурните дождови во Чонгкинг во југозападниот дел на Кина, додека илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, објавија денеска кинеските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Пекинг, 5 јули 2023 (МИА) - Петнаесет лица загинаа, а четири се водат како исчезнати по бурните дождови во Чонгкинг во југозападниот дел на Кина, додека илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, објавија денеска кинеските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Потврдата за постоење на жртви доаѓа еден ден по предупредувањето на метеоролошките служби за можни непогоди предизвикани од дождовите кои зафатија голем дел од центарот и југозападот на земјата, истовремено со уривање на температурни рекорди.
Претседателот Си Џинпинг нареди властите на сите нивоа да дадат приоритет на обезбедувањето на безбедноста на луѓето и имотот.
Синоќа поради дождот се урна железнички мост во Чонгкинг, провинција со 31 милион жители.
Во соседната провинција Сечуан, оваа недела повеќе од 460 илјади луѓе се погодени во различен степен од поројните дождови.
Властите соопштија дека околу 85 илјади луѓе се евакуирани од своите домови поради дождот и дека оваа недела се очекуваат „големи поплави во планинските области“ и „можни свлечишта“. мс/
фото: МИА архива