• сабота, 23 ноември 2024

Песков: Собирањето луѓе за погребот на Навални е спротивно на законот

Песков: Собирањето луѓе за погребот на Навални е спротивно на законот

Москва, 1 март 2024 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека собирањето на луѓе за погребот на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, што ќе се одржи подоцна денеска, е во спротивност со законот, пренесоа британските медиуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да даде оценка за Навални како политичка фигура и додаде дека нема што да му каже на неговото семејство.

Повеќе од 1.000 луѓе се собраа пред црквата во Москва, каде што денеска ќе се одржи погребот на Навални, за да се простат од него, соопшти неговиот политички сојузник Леонид Волков, цитиран од британските медиуми.

Тимот на Навални објави дека погребната кола со неговото тело е веќе на пат кон црквата каде што ќе се одржи опелото. Претходно портпаролката на починатиот опозициски лидер Кира Јармиш изјави дека церемонијата на простување треба да почне во 14 часот по локално време. сд/

фото: Скриншот Х

Остани поврзан