Пендаровски се сретна со европската шампионка во стрелаштво Оливера Наковска - Бикова
- Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими македонската параолимпијка Оливера Наковска –Бикова, која го освои златниот медал на Европското првенство во стрелаштво во Хамар, Норвешка.
Скопје, 21 март 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими македонската параолимпијка Оливера Наковска –Бикова, која го освои златниот медал на Европското првенство во стрелаштво во Хамар, Норвешка.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, честитајќи и за постигнатиот успех, шефот на државата на средбата со Наковска – Бикова истакна дека нејзиното постигнување е гордост за целата нација и инспирација за сите млади спортисти во нашата држава.
Според претседателот Пендаровски, особено радува фактот што Наковска – Бикова го повтори својот успех, 21 година по освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Данска во 2001 година и ја надополни импресивната листа на своите спортски достигнувања на државно и на меѓународно ниво, меѓу кои е и освоениот златен медал на Параолимписките игри 2012 година во Лондон.
На средбата Наковска – Бикова ги престави и плановите за своите идни настапи. мд/са/