Манифестација „Дедо Мраз на мотор“ во Куманово
- Мотоклуб „Мечки“ Куманово денеска по 17-ти пат пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ја организираше манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“. Моторџии од Куманово и од другите градови од државата поделија слатки и пакетчиња за најмладите кои имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз на мотор и да уживаат во оваа манифестација која е една од најпосетуваните во претпразничниот период.

Куманово, 25 декември 2024 (МИА) - Мотоклуб „Мечки“ Куманово денеска по 17-ти пат пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ја организираше манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“. Моторџии од Куманово и од другите градови од државата поделија слатки и пакетчиња за најмладите кои имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз на мотор и да уживаат во оваа манифестација која е една од најпосетуваните во претпразничниот период.
-Драго ни е што годинава имаме и аниматори, ученици од „Кочо Рацин“ кои ја збогатија програмата. Поделивме донации стандардно за децата и лица со попреченост за трите центри кои функционираат во градот и секако пакетчиња за најмалите, изјави Игор Тимчевски од Мотоклуб „Мечки“.
Изминативе години, кумановскиот мотоклуб заедно со нивните пријатели моторџии од Европа донираше медицинска опрема и материјали за Кумановската болница и за Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Најмладите кумановци добија подароци и уживаа во звуците на моторите при прошетка низ кумановските улици. ам/мд/
Фото: МИА