• вторник, 11 март 2025

Партијата на пензионери: Поддршка за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот

Партијата на пензионери: Поддршка за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот

19 декември 2024

Партијата на пензионери, во потполност ги поддржува и охрабрува, акциите и мерките кои државните институции ги преземаат во борбата против корупцијата и криминалот во земјата.

Овие појави дефинитивно се, најголемата повеќедецениска рак рана во нашето општество, која ги поткопува сите пори и темели на животот и работата на граѓаните на државата. 

Партијата на пензионери особено е загрижена за евидентната  корупцијата во правосудниот систем, што има за резултат длабоки и далекусежни последици кои системски го разградуваат нашето општество.

Сите заедно уште еднаш мораме да се потсетиме и јавно да препознаеме дека корупцијата и криминалот немаат политичка, верска, социјална или друга позадина, туку секогаш имаат за цел прибавување финансиски, имотни и други добра само за лична цел како и за своите фамилии и придружниците во криминалот.

Борбата против корупцијата и криминалот, не може и не смее да биде поединечна, периодична и само со политички цели, туку мора да се води системски, секојдневно, на сите рамништа, бескрупулозно и без пардон кон сите прекршители на Законите, без обзир на нивната политичка, етничка и било која друга припадност и без никаква селективност на што ние како Партија на пензионери посебно инсистираме.

Граѓаните го заслужуваат тоа но во исто време тоа претставува законска, морална и политичка обврска на сите политички гарнитури кои се и на власт и во опозиција.

Партијата на пензионери, исто така бара да лицата кои укажуваат на корупција и криминал, како во судството така и во сите други државни органи, да мора да добијат целосна институционална и правна заштита.

Како земја членка на НАТО и земја претендент за членство во Европската Унија по ова прашање немаме апсолутно никаква алтернатива во суштинската борба против корупцијата и криминалот. Чесно, Сплотено, Одлучно !!!

Партија на пензионери

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан