• сабота, 23 ноември 2024

Парламентарни избори во Сирија

Парламентарни избори во Сирија

Дамаск, 15 јули 2024 (МИА) - Сиријците денеска гласаат на парламентарни избори во делови од земјата под контрола на владејачката партија на претседателот Башар ал Асад. Партијата Баас, која е на власт од 1963 година и нејзините левичарски секуларни и арапски националистички сојузници речиси немаат опозиција, а единствена алтернатива се независните кандидати.

Повеќе од 1.500 кандидати се во трка за 250 места во парламентот.

Во областите контролирани од владата, Сиријците од 18 години и постари со лична карта можат да гласаат на околу 8.150 избирачки места.

Нема да се гласа на североистокот на земјата, кој е под контрола на курдските борци, како и во северозападната провинција Идлиб, која е под контрола на џихадистите.

Парламентарните избори во Сирија се одржуваат по четврти пат од почетокот на граѓанската војна во 2011 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан