Норвешка се приклучи на Коалицијата за дронови за Украина
- Норвешка официјално се приклучи на меѓународната коалиција за беспилотни летала за Украина, предводена од Велика Британија и Летонија, објави на Икс норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик

Брисел, 11 април 2025 (МИА) – Норвешка официјално се приклучи на меѓународната коалиција за беспилотни летала за Украина, предводена од Велика Британија и Летонија, објави на Икс норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик.
Норвешкиот премиер денеска во Брисел го потпиша соодветниот документ.
Коалицијата за дронови е формирана во февруари минатата година за време на 19. состанок на Контакт групата за одбрана на Украина. Идејата за негово создавање ја предложи Летонија, која сега е еден од лидерите на коалицијата, заедно со Велика Британија.
Коалицијата има 18 членки - Летонија, Велика Британија, Австралија, Германија, Данска, Естонија, Италија, Канада, Литванија, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Полска, Франција, Чешка, Шведска и Украина.
Во март Коалицијата за дронови се согласи да издвојат 20 милиони евра од заедничкиот фонд за снабдување на украинските одбранбени сили со тактички беспилотни летала за извидување, надзор и собирање информации за непријателските позиции. ми/
фото: МИА архива