• петок, 05 декември 2025

Ердоган до иранскиот претседател: Нетанјаху се обидува да ја саботира нуклеарната спогодба

Ердоган до иранскиот претседател: Нетанјаху се обидува да ја саботира нуклеарната спогодба

Анкара, 14 јуни 2025 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му порачал денеска на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, во телефонски разговор, дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува да го запали Блискиот Исток и да ги саботира преговорите за нуклеарна спогодба преку нападите врз Иран,се наведува во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.

Во соопштението се истакнува дека Ердоган рекол дека нападите на Израел врз Исламската Република имаат за цел да го одвлечат вниманието од дејствијата на израелската армија во Појасот Газа, кои тој ги нарекол „геноцид“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан