• сабота, 20 јули 2024

Палестинските безбедносни сили убиле милитант на Западниот брег

Палестинските безбедносни сили убиле милитант на Западниот брег

Рамала, 2 мај 2024 (МИА) - Палестинските безбедносни сили денеска на Западниот Брег убиле припадник на локална вооружена група поврзана со милитантниот Исламски џихад, откако биле под нивен оган, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека тоа е редок судир меѓу Палестинците.

Талак Двејкат, портпарол на безбедносните служби на палестинските власти, изјави дека органите на редот биле испратени во ноќна патрола во Тулкарм и биле под оган и возвратиле и го застрелале напаѓачот, кој починал од раните во болница. 

Локалната вооружена група бригади Тулкарм и Нур-Шамс објави дека загинатиот човек Ахмед Абу ал Фул е нивни член. Групата ја потврди својата поврзаност со милитантите на Исламскиот џихад. Бригадите Тулкарм и Нур Шамс го опишаа нападот на палестинските безбедносни сили врз нивниот член како „атентат“ во израелски стил. Според вооружената група, Ал-Фул бил нападнат „без причина“.

Палестинската управа, предводена од претседателот Махмуд Абас, има ограничена самоуправа на Западниот Брег и понекогаш ја координира безбедноста со Израел. Хамас, сојузник на Исламскиот џихад, ги осуди „нападите на силите на палестинската управа против нашиот народ и борците на отпорот“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан