• сабота, 23 ноември 2024

Палестинскиот претседател следната недела ќе престојува во посета на Русија

Палестинскиот претседател следната недела ќе престојува во посета на Русија

Рамала, 6 август 2024 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе ја посети Русија од 12 до 14 август, соопштија руски медиуми. Советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков, во јуни информираше за претстојната посета, но без да прецизира датум.

Абас планирал да ја посети Русија уште во ноември минатата година, но посетата била одложена на барање на палестинската страна.

- Појасот Газа мора да биде префрлен под контрола на легитимните палестински власти, а израелските планови за привремена контрола на енклавата се неприфатливи, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас за руската новинска агенција РИА, пренесува Јаху.

- Газа мора да биде управувана под покровителство на ПЛО (Организација за ослободување на Палестина) и легитимната палестинска влада“, изјави Абас. - Ние силно се спротивставуваме на израелските планови кои предвидуваат некои привремени решенија, потенцираше палестинскиот претседател.

Москва претходно изјави дека сака да помогне во решавањето на конфликтот на Блискиот Исток и дека мирот нема да биде можен без создавање на палестинска држава. ссм/

фото: архива

Остани поврзан