• петок, 05 декември 2025

Трамп не ја исклучува опцијата за ново бомбардирање на Иран

Трамп не ја исклучува опцијата за ново бомбардирање на Иран

Вашингтон, 27 јуни 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп  денеска дека изјави дека доколку биде потребно, ќе ја разгледа можноста за повторни бомбашки напади врз Иран.

Тој додаде дека поддржува инспекција на иранските нуклеарни објекти оштетени при претходните американски напади.

На новинарско прашање за евентуални нови воздушни удари врз Иран, Трамп одговори: „Да, без сомнение, апсолутно“.

Трамп, подоцна, исто така му одговори на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, кој претходно тврдеше дека Иран „им удрил шлаканица на САД“ со напад врз американска база во Катар. „Тој знае дека тоа е лага“, напиша Трамп на неговата мрежа Трут Соушл. ссм/

фото: архива

Остани поврзан