• среда, 12 март 2025

Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола

Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола

Исламабад, 19 декември 2024 (МИА) – Пакистан го ограничува користењето на виртуелните приватни мрежи (ВПН), кои им овозможуваат на интернет корисниците да ја заобиколат владината контрола.

Властите тврдат дека мерката е насочена кон „нерегулираните ВПН“ кои ги користат криминалците и милитантите

Додека активистите тврдат дека новите рестрикции се насочени на регулација на интернет просторот и обид за дигитална контрола.

Пакистан претходно воведе „фајарвал“ (firewall) по примерот на Кина. Тоа предизвика прекини на интернетот и успорување, што ја наруши работата на компаниите. Додека во ноември пакистанското Министерство за внатрешни работи побара забрана на ВПН, тврдејќи дека ги користат милитантите за „поттикнување на насилни активности“. Исто така побара и да се спречи пристап до порнографски и блесфемични содржини.

ВПН се легални во повеќето земји, но се забранети или ограничени во авторитарни држави како Русија, Кина и Иран, каде што властите строго го контролираат пристапот до интернет и спроведуваат цензура.

Пакистанската Влада тогаш соопшти не се залага за забрана на ВПН, но им нареди на поединци и компании да ги регистрираат своите виртуелни приватни мрежи.

Активистите за дигитални права тврдат дека овој потег всушност значи забрана за ВПН. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан