Пакистанската армија соопшти дека убила најмалку 30 милитанти во северозападниот дел на државата
- Пакистанската војска денеска соопшти дека убила најмалку 30 милитанти во серија безбедносни операции во северозападниот дел на земјата.
Карачи, 26 јануари 2025 (МИА) - Пакистанската војска денеска соопшти дека убила најмалку 30 милитанти во серија безбедносни операции во северозападниот дел на земјата.
Во исто време, беше објавено дека шест екстремисти биле ранети во овие операции во провинцијата Хајбер Пахтунхва на границата со Авганистан.
Во областа Лаки Мурват во провинцијата, убиени се 18 милитанти, осум во областа Карак и четворица во Хајбер.
Кај убиените екстремисти кои активно учествувале во бројни терористички активности против безбедносните сили во споменатата област, како и во убивање цивили, биле пронајдени оружје и муниција, соопшти пакистанската војска.
Пакистан во 2024 година е регистриран значителен пораст на терористичките напади, што е за 40 отсто повеќе од претходната година.
Регистрирани се вкупно 444 терористички напади, при што загинаа 685 војници и полицајци, како и повеќе од 920 цивили, според Центарот за студии за безбедност во Исламабад. Безбедносните сили, како што е соопштено, убиле 934 милитанти минатата година. рп/
Фото: ЕПА