• недела, 28 јули 2024

Отфрлено барањето за укинување на затворската казна на четворица осудени од Златна зора

Отфрлено барањето за укинување на затворската казна на четворица осудени од Златна зора
Атина, 6 јули 2022 (МИА) – Апелациониот суд во Атина, на денешното второ рочиште од повторното судење на Златна зора, ги отфрли барањата на четворица осудени да им биде укината затворската казна, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓу четворицата осудени кои побараа да бидат ослободени е и европратеникот Јанис Лагос, кој беше присутен во судницата и рече дека е неправедно осуден на затворска казна. Денешното рочиште беше прекинато и судењето ќе продолжи на 26 јули кога ќе се разгледа барањето за одложување на процесот доставено од адвокатот на лидерот на Златна зора Никос Михалољакос. Барањето е поради долгото лекување на Михалољакос на интензивна нега откако беше заразен со Ковид-19, а според неговиот адвокат, драстично му е влошена здравствената состојба и е на рехабилитација. Првото рочиште од повторното судење на Златна зора по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен започна на 15 јуни. Лидерот на Златна зора Никос Михалољакс и пет поранешни пратеници од партијата, добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент. ср/сд/

Остани поврзан