• вторник, 24 декември 2024

Мелони во Пекинг потпиша тригодишен акциски план за соработка меѓу Кина и Италија

Мелони во Пекинг потпиша тригодишен акциски план за соработка меѓу Кина и Италија

Пекинг, 28 јули 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска вети дека „повторно ќе ја покрене“ соработката со Кина, откако го потпиша тригодишниот акциски план за нови форми на соработка за време на нејзината прва официјална посета на Пекинг по преземањето на функцијата.

Мелони ова го изјави за време на средбата со кинескиот премиер Ли Кианг, пренесе агенцијата АНСА.

Италијанската премиерка истакна дека нејзината петдневна посета на Кина претставува „покажување на волјата да се започне нова фаза“ и да се обнови соработката меѓу Пекинг и Рим. паг/

 

Остани поврзан