• сабота, 23 ноември 2024

Хамнеи формално го одобри изборот на Пезешкијан на функцијата претседател

Хамнеи формално го одобри изборот на Пезешкијан на функцијата претседател

Техеран, 28 јули 2024 (МИА) - Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска официјално го одобри изборот на Масуд Пезешкијан за претседател на земјата, откако тој победи на претседателските избори овој месец.

Пезешкијан, кој ќе положи заклетва во вторник, ја презема функцијата во време на ескалација на тензиите на Блискиот Исток поврзани со конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа, како и Израел и Хезболах, кој дејствува во Либан и е поддржан од Иран.

На церемонијата, емитувана во живо на државната телевизија, Хамнеи даде согласност за Пезешкијан, а во говорот потоа го повтори долгогодишниот антиизраелски став на Иран. паг/

Фото: ЕПА

 


 

Остани поврзан