• четврток, 20 февруари 2025

Осумнаесет повредени во авионска несреќа во Торонто, соопштија властите

Осумнаесет повредени во авионска несреќа во Торонто, соопштија властите

 
Торонто, 18 февруари 2025 (МИА)  -  Осумнаесет лица се префрлени во локалните болници по авионската несреќа на аеродромот во Торонто, изјави на брифинг шефот на противпожарната служба на аеродромот Тод Аиткен. „Пистата беше сува и немаше страничен ветер“, рече тој, додавајќи дека Одборот за безбедност на транспортот се уште ги истражува причините за инцидентот.

Во авионот имало 22 Канаѓани, а останатите се странци, изјави за новинарите Дебора Флинт, главен извршен директор на управата за аеродроми во округот Торонто. Според нејзините информации, повредените брзо се пренесени во болници и никој од нив не е во критична состојба. Претходно беше соопштено дека три лица се тешко повредени. Две од пистите на аеродромот остануваат затворени и се очекуваат одложувања во наредните денови.

Авион на „Делта ерлајнс“ се преврте синоќа при слетувањето на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, соопштија официјални лица. Авионот пристигнал од Минеаполис, и во него имало околу 80 патници. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан