• петок, 21 февруари 2025

Средба Матарела-Херцог: Израел ја има поддршката од Италија, Палестинците треба да гледаат напред

Средба Матарела-Херцог: Израел ја има поддршката од Италија, Палестинците треба да гледаат напред

Рим, 19 февруари 2025 (МИА) – Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска во Рим се сретна со својот израелски колега Исак Херцог на кого му повторил дека Израел има поддршка од Италија по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври.

Тој нагласил и дека на палестинскиот народ му треба иднина во која ќе гледа напред.

- Ние стоиме со Израел во овие тажни денови во кои болката од неприфатливиот и нехуман масакр од 7 октомври се влошува со враќањето на телата на заложниците, рече Матарела, пренесе Анса.

Тој нагласи дека Италија го брани правото на Израел на безбедност. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан