Зеленски не го спомена Трамп во вечерното обраќање
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва на Телеграм напиша дека мирот во Украина може да биде посигурен ако се постигне со помош на Америка и Европа.

Киев, 19 февруари 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва на Телеграм напиша дека мирот во Украина може да биде посигурен ако се постигне со помош на Америка и Европа.
Зеленски не го спомна директно Трамп за време на неговото редовно вечерно обраќање до украинскиот народ, туку се фокусираше на утрешната средба со американскиот претставник за Русија и Украина, Кит Келог.
- Нашата средба со генералот Келог е закажана за утре и за нас е многу важно средбата и воопшто соработката со Америка да биде конструктивна, рече тој.
- Заедно со Америка и Европа, мирот може да биде посигурен и тоа е нашата цел, нагласи Зеленски.
Украинскиот претседател претходно објави кус твит „благодарам за поддршката“. јт/