Макрон и Стармер следната недела во Америка
- Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го посети Вашингтон следната недела, соопшти советникот за национална безбедност на Доналд Трамп.

Вашингтон, 19 февруари 2025 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го посети Вашингтон следната недела, соопшти советникот за национална безбедност на Доналд Трамп.
Британскиот премиер Кир Стармер исто така ќе оди во Америка истата недела, изјави Мајк Волц за Фокс њуз.
Овие посети доаѓаат откако лидерите ширум Европа изразија загриженост дека САД ги заобиколуваат во обидите да преговараат за мир со Русија во Украина.
Коментирајќи ги изгледите за постигнување мировен договор, Валц рече: „Ние се ангажираме од сите страни, а следниот чекор е дека ќе испратиме технички тимови за да почнеме да разговараме за повеќе детали“. јт/
Фото: МИА архива