• недела, 28 јули 2024

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители

Струмица, 16 јануари 2024 (МИА) - Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година.

Според повикот, правото на партиципација се остварува за дете од семејство на самохрани родители кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица и кои живеат на територија на Општина Струмица.

Самохрани родители кои влегуваат во оваа категорија и имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца се доколку еден од родителот е починат, еден од родителот е непознат и е дете од разведен брак.

Изборот ќе го врши комисија формирана од градоначалникот, а јавниот повик трае до 24 овој месец. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан