• сабота, 27 јули 2024

Општина Бутел го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Општина Бутел го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - Општина Бутел го одбележа 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

- ВМРО е код кој живее во секој Македонец, код испишан со идеите и жртвите на Делчев, Чернопеев, Александров и многу други млади интелектуалци и борци кои го положија животот за нашата слобода, за нашата единствена Македонија. Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Октомври е симбол на борбата за слобода, државност и независност. Нашата заедничка цел треба бидат интересите на нашите граѓаните и на нашата заедничка држава Република Македонија, истакна градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Тој нагласи дека, како следбеници на нашите предци, почитувајќи ја нашата историја, треба да создадеме иднина за нашите потомци. Истовремено, Костовски упати порака до младите да бидат победници, како што биле и комитите.

Општина Бутел го честита празникот 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. ир/са/

Фото: Општина Бутел

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан