• понеделник, 27 јануари 2025

ОН: Не се создадени услови за безбедно враќање на либанските граѓани во јужен Либан

ОН: Не се создадени услови за безбедно враќање на либанските граѓани во јужен Либан

Бејрут, 26 јануари 2025 (МИА) - Условите за безбедно враќање на либанските граѓани во јужен Либан се уште не се исполнети, се вели во денешната заедничка изјава на специјалниот координатор на Обединетите нации за Либан, Жанин Хенис-Плашерт и шефот на мисијата и командант на силите на УНИФИЛ, генерал-полковник Аролдо Лазаро.

„Како што се гледа утрово, се уште не се создадени услови за безбедно враќање на граѓаните во нивните села долж Сината линија. Раселените заедници веќе се соочуваат со долг пат до закрепнување и реконструкција, и затоа уште еднаш се повикани да бидат претпазливи“, наведуваат Хенис-Плашерт и Лазаро.

Тие рекоа дека рокот поставен со договорот за прекин на огнот, постигнат со посредство на САД, кој стави крај на војната меѓу либанското движење Хезболах и Израел минатата година, не е испочитуван, а истовремено ги повикаа двете страни повторно да се вклучат во спроведувањето на договорот.

Последното соопштение дојде откако израелските сили убиле три лица и раниле 44 други кои се обиделе да се вратат во своите домови во јужен Либан, каде што се уште се стационирани израелските војници, откако денеска истече рокот за нивно повлекување според договорот за прекин на огнот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан