• среда, 27 ноември 2024

Озил ја продолжува кариерата во Башакшехир

Озил ја продолжува кариерата во Башакшехир
Истанбул, 14 јули 2022 (МИА) – Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Месут Озил (33) ќе ја продолжи кариерата во турскиот прволигаш Башакшехир, соопшти синоќа клубот од Истанбул. Озил во клубот, чиј навивач е неговиот кум и претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, доаѓа без обесштетување, откако неодамна го раскина договорот со Фенербахче. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Арсенал имаше проблеми со физичката подготвеност и посветеноста на тренинзите и поради тоа од март не беше во плановите на Фенербахче. Роден во Гелзенкирхен, Озил за репрезентацијата на Германија одигра 92 натпревари и постигна 23 голови, а во 2014 година ја освои светската титула на Мундијалот во Бразил. ег/паг/

Остани поврзан