Ал-Хусеин изразува сочувство за смртта на лизгачите во САД
- Јорданскиот кандидат за претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Фајсал Ал-Хусеин изрази сочувство за смртта на лизгачите во авионска несреќа во САД.
Лозана, 30 јануари 2025 (МИА) - Јорданскиот кандидат за претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Фајсал Ал-Хусеин изрази сочувство за смртта на лизгачите во авионска несреќа во САД.
- Најпрво, би сакал да изразам сочувство за трагичната загуба на животи во Соединетите држави како последица на авионска несреќа, а особено до членовите на семејството на лизгачите. Нашите срца и молитви се кон нив во ова многу трагично време, рече Ал-Хусеин.
На 30 јануари, патнички авион кој полетал од Вичита се урна во близина на Вашингтон по судир со воен хеликоптер. По судирот двете летала паднале во реката Потомак.
Претходно спортскиот менаџер Ари Закарјан објави дека во авионот што се урна во Вашингтон има лизгачи и тренери. Помеѓу нив и светските шампиони од 1994 година во лизгање во парови, Евгенија Шишкова и Вадим Наумов. зс/
Фото: ЕПА