• петок, 31 јануари 2025

Ал-Итифак објави раскин на договорот со Џерард

Ал-Итифак објави раскин на договорот со Џерард

Џеда, 30 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Ал-Итифак, Стивен Џерард, ја напушти функцијата, објави прес-службата на саудискиот клуб.

Договорот со 44-годишниот Англичанец беше раскинат со заедничка согласност од двете страни.

Џерард е на чело на клубот од Саудиска Арабија од јули 2023 година. Под негово водство, тимот одигра 55 натпревари, од кои 19 победи, 16 пати ремизираше и загуби 20 натпревари.

По 17 кола, Ал-Итифак е на 12. место во поредокот на првенството на Саудиска Арабија со 19 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан