Од денеска до 22 март полициски час од 22 до 05 часот, движење само со посебни дозволи
- На предлог на Комисијата за заразни болеси со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од КОВИД-19 Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полицис





За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што беа ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, беа ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски. Од работни обврски беа ослободени и бремените жени и хроничните болни лица.
Меѓудругото, беа забранети масовни собири и настани на отворен и затворен простор, а беше забрането и присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани.
Воведена беше задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, а забранет беше извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители. Се препорачуваше избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик.
