Екологијата и музиката ќе се поврзат во Градски парк преку настанот „Саунд оф грин“
- На „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, денеска ќе се одржи фестивалот на звукот, природата и на одговорноста - „Саунд оф грин“ (Sound of green). Како што се наведува во денешното соопштение, станува збор за целодневна пикник-забава и едукација што ги поврзува музиката, екологијата и заедништвото и што ќе се реализира со поддршка од амбасадите на Швајцарија и Франција.
Скопје, 27 јуни 2025 (МИА) - На „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, денеска ќе се одржи фестивалот на звукот, природата и на одговорноста - „Саунд оф грин“ (Sound of green). Како што се наведува во денешното соопштение, станува збор за целодневна пикник-забава и едукација што ги поврзува музиката, екологијата и заедништвото и што ќе се реализира со поддршка од амбасадите на Швајцарија и Франција.
- Забава, музика и инспирација под отворено небо. Понеси пластично шише или лименка - биди пример за другите и покажи дека селекцијата е дел од секој фестивал, порачуваат од „Пакомак“, организатори на фестивалот, во пишаната изјава.
Фестивалот се реализира во партнерство со Институтот „Адам Мицкевич“ од Варшава, со поддршка од Министерството за култура и национално наследство на Полска, како дел од интернационалната културна програма на полското Претседателство во Советот на Европската Унија 2025 година. бд/са/
Фото: Плакат/Соопштение