• петок, 05 декември 2025

„Влен“: Обезбедуваме плати за Инспекторатот за употреба на јазиците и го отвораме патот за нови надлежности

„Влен“: Обезбедуваме плати за Инспекторатот за употреба на јазиците и го отвораме патот за нови надлежности

Скопје, 27 јуни 2025

ВЛЕН ги информира граѓаните дека во Собранието се одобрени измени на Законот за инспекторатот, поточно Законот за државна администрација, со што се отвора патот за решавање на прашањето за финансиски надоместоци за вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците. Ова е прашање кое со години беше влечено и заборавено од претходните влади, додека сега, благодарение на посветеноста на ВЛЕН и политичката волја на парламентарното мнозинство, се води јасна насока и заслужено решение.

По стабилизирање на ова ситуациjа, ВЛЕН веднаш ќе почне постапка за кревање на повисоко ниво на Агенцијата за примена на јазиците вo повисоко ниво, со цел последователно да се припои и Инспекторатот за употреба на јазиците кон оваа важна институција.

Одобрените измени, покрај овозможувањето на финансиската функционализација на Инспекторатот, вклучуваат и важен политички договор што му дава право на Инспекторатот за употреба на јазиците да изрекува казни, клучна надлежност за зголемување на ефикасноста и конкретната имплементација на Законот за употреба на јазиците.

ВЛЕН ќе продолжи да биде посветена на унапредување на положбата на албанскиот јазик и гарантирање на еднакви јазични права за сите граѓани.

Нурџан Асановска

„Влен“

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан