Одлични вести за ПСЖ пред дуелот со Сити
- Повредените играчи на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, Ашраф Хакими и Маркињос тренираа со тимот во понеделникот - два дена пред гостувањето на Манчестер Сити во Лигата на шампионите, објави клубот.

Париз, 20 јануари 2025 (МИА) - Повредените играчи на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, Ашраф Хакими и Маркињос тренираа со тимот во понеделникот - два дена пред гостувањето на Манчестер Сити во Лигата на шампионите, објави клубот.
Поради вирус, Дембеле ги пропушти последните два натпревари на ПСЖ. На последните два меча отсуствуваше и Хакими.
-Ништо сериозно, не сакавме да ризикуваме, објасни тренерот Луис Енрике.
Капитенот Маркињос ги пропушти последните три натпревари поради проблем со адукторот.
Гостувањето во Манчестер е многу важно за францускиот шампион, кој е на 25. место од 36 екипи во Лигата на шампионите и нема обезбедено учество во следната фаза. дс
Фото: Архива