• петок, 25 октомври 2024

Обраќање на претседателот на Собранието Гаши на самитот на Кримската платформа

Обраќање на претседателот на Собранието Гаши на самитот на Кримската платформа

Скопје, 24 октомври 2024

 

ОБРАЌАЊЕ НА АФРИМ ГАШИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ТРЕТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН САМИТ НА

МЕЃУНАРОДНАТА КРИМСКА ПЛАТФОРМА

 

Дозволете ми на самиот почеток да искажам дека ми е особена чест што сум денеска тука, заедно со моите колеги, претседатели на парламенти на демократски

држави, сите обединети во поддршката на Украина и Крим за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и одбрана од руската агресија.

Оваа битка не е и не смее да биде битка само на Украина. Ова е и наша битка, битка на сите демократски сили, затоа што мора здружено и обединето да се

спротивставиме на сите оние кои сакаат со непочитување на територијалниот интегритет и суверенитет, и со непочитување на меѓународното право и принципи,

преку агресија да освојуваат туѓи територии и притоа да нанесуваат голема неправда и големо злосторство врз невините граѓани.

Честа за мене е голема, но навистина жалам што за некој месец ќе одбележиме три години од агресијата на Русија врз Украина.

Тоа се три години страдање, три години кои одземаа многу невини жртви, беа урнати многу домови, милиони Украинци се раселени, одземено е безгрижното

детство и уништена е младоста на цели генерации Украинци. Речиси три години војна одземаа значајно време и многу ресурси кои Украина наместо да ги посвети на

својот економски развој и напредок, ги посвети на борба за својата слобода и независност.

Тоа го гледаме во Крим и во Украина, за жал го гледаме на Блискиот Исток.

 

Дами и господа, почитувани колеги,

 

Со нашето присуство тука, ние денеска ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на принципите кои нѐ поврзуваат заедно: почитувањето на

територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоопределување. 
 

Ситуацијата на Крим не е само регионална грижа; тоа е глобален предизвик за меѓународниот поредок заснован на правила.

Тековната окупација и анексија на Крим од страна на Руската Федерација претставува очигледно кршење на меѓународното право и наша колективна

одговорност е да се справиме со оваа неправда.

 

Денеска, кога сме собрани овде на едно место за да ја изразиме нашата цврста поддршка не само на Украина и Крим, туку и за демократските вредности кон кои сите ние се стремиме слобода, мир и почитување на човековите права одбележуваме еден значаен јубилеј, а тоа е 80 години од депортацијата на Кримските Татари од нивните древни огништа.

Важно е да се сеќаваме на овие трагедии, да зборуваме за жртвите, за траумите и за последиците од тие трауми, за ваквите злосторства да не се

повторуваат.

Дозволете ми на крајот, во мое лично име, и во име на Собранието на Република Северна Македонија уште еднаш да ја потврдам нашата подршката за

украинскиот народ и држава со сите наши можности, сѐ до целосна слобода на Украина.

Ви благодарам на вниманието!

Собрание на Република Северна Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан