• сабота, 27 јули 2024

Норис ја освои пол-позицијата за ГН на Русија

Норис ја освои пол-позицијата за ГН на Русија
Сочи, 25 септември 2021 (МИА) – Возачот на Мекларен, Ландо Норис оствари најдобар резултат во квалификациите за трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Русија. Тој со време 1:41.993 минута се избори за пол-позицијата. Второто место го зазеде Карлос Сајнц од Ферари со 0,517 секунди послабо време од Норис. Од вториот ред ќе тргнат Џорџ Расел од Вилијамс (+0,990 секунди) и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон имаше и едно излетување од патеката со болидот по што удри во ограда и го оштети задниот браник. Во првите десет најдобри во квалификациите се најдоа и: Даниел Рикардо, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Ленс Строл, Серхио Перез и Естебан Окон. Главната трка за руското Гран при ќе се одржи во Сочи утре со почеток во 14 часот. зс/

Остани поврзан