• понеделник, 23 декември 2024

Македонските јуниори подобри од Ирска на кошаркарското ЕП во „Б“ дивизија

Македонските јуниори подобри од Ирска на кошаркарското ЕП во „Б“ дивизија

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Македонија ја совлада Ирска со 73:63 (37:32) за успешен старт на Европското првенство во дивизијата „Б“ за кошаркари под 18 години.

На нашите јуниори им беа потребни дополнителни пет минути за да излезат како победници во дуелот со Ирците. 

Иако водевме по првите 24 минути со 5 разлика (37:32) второто полувреме помина во доста изедначена игра, а кулминација на неизвесноста донесоа последните минути од овој прв меч на нашиот јуниорски национален тим.

При нерешен резултат 62;62, имавме напад за победа, но не го реализиравме.

Но затоа пак бевме одлични во екстра периодот. Во дополнителните пет минути направивме 11-1, доволно за првиот успех на шампионатот.

Јаничиќ имаше одлична партија со 27 поени, 8 скока и 2 асистенции и беше нашиот единствен „двоцифрен“ кошаркар на овој натпревар.

Наредниот меч против БиХ е закажан за утре вечер, 18.30.часот повторно во СРЦ „Кале“. дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан