• среда, 21 август 2024

Нова енергетски-ефикасна фасада за кумановското основно училиште „Толи Зордумис“

Нова енергетски-ефикасна фасада за кумановското основно училиште „Толи Зордумис“

Куманово, 20 август 2024 (МИА) - Привршува реконструкцијата на фасадата на кумановското основно училиште „Толи Зордумис“, информираа денеска надлежните од училиштето. Покрај замената на фасада во училиштето се менуваат и дотраените прозорци во училишната спортска сала. Училиштето ќе добие и пристапна рампа за учениците со попреченост.

- Во поодмината фаза сме на поставување на нова енергетски ефикасна фасада. Учениците ќе имаат подобри услови за изведување на наставата. Очекуваме заштеда на електрична енергија. Очекуваме наскоро да заврши реконструкцијата. Првин, влезот, подоцна и делот каде нема раздвиженост на ученици, изјави директорот на училиштето, Дејан Младеновски.

Вкупно во училиштето има 450 ученика, наставата се изведува на македонски и албански наставен јазик.

- Ги повикуваме родителите кои од различни причини не ги запишале учениците, да ги запишат првачињата во нашето училиште, изјави Младеновски и повика да се почитува реонизацијата при упис на учениците.

Проектот за замена на фасадата е финансиран од Министерството за образование и наука, поддржан од општина Куманово. ам/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан