Николоски: Поевтини цени на становите во Битола
- Донесена е одлука за намалување на цената за продажба на станбениот и деловниот простор во Битола во објектите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор од значење за Републиката, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Донесена е одлука за намалување на цената за продажба на станбениот и деловниот простор во Битола во објектите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор од значење за Републиката, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
- Поевтини станови за Битола. На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени. 65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен, 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен, 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен, пишува Николовски на својот фејсбук профил.
Со ова, додава тој, се врши интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на, како што нагласува, лудилото на зголемувањето на цени на станови. Очекува исти или слични активности и во други општини во периодот што следи. сст/са/
Фото: ФБ