• сабота, 23 ноември 2024

На патниот правец Битола - Ресен задолжителна употреба на зимска опрема за тешки моторни возила

На патниот правец Битола - Ресен задолжителна употреба на зимска опрема за тешки моторни возила
Скопје, 13 февруари 2021 (МИА) - Од 15:10 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се воведува задолжителна употреба на зимска опрема за тешките моторни возила, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“. Од Автомотосојузот на Македонија потсетуваат на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фф/скс/

Остани поврзан