• понеделник, 23 декември 2024

Приведен кичевец поради предизвикување пожар

Приведен кичевец поради предизвикување пожар

Охрид, 26 август 2024 (МИА) - Полициски службеници денеска околу пладне на булеварот „Ослободување“ во Кичево го лишиле од слобода Р.Х.(27) од Кичево под сомнение дека предизвикал пожар.

Тој се сомничи дека во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел по што, избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу десет илјади метри квадратни.

Во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, а нема повредени лица.

Како што се посочува во соопштението од СВР - Охрид, по целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава. аб/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан