• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку 50 Палестинци загинале во денешните израелски напади во Газа

Најмалку 50 Палестинци загинале во денешните израелски напади во Газа

Газа, 15 октомври 2024 (МИА) – Најмалку 50 Палестинци загинаа денеска во израелски воени напади низ Појасот Газа, со зголемен притисок од израелската армија (ИДФ) околу бегалскиот камп Џабалија на северот од енклавата.

Палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 17 лица се убиени во израелски напад во близина на Ал-Фалуџа во Џабалија, најголемиот од осумте бегалски кампови во Газа, додека други 10 се убиени во Бани Сухаила во источниот дел на градот Кан Јунис во јужниот дел на енклавата.

Претходно денеска, во израелски воздушен напад беа уништени три куќи во предградието Сабра во Газа, а локалните служби за итни случаи соопштија дека две тела биле извлечени од местото на експлозијата и оти потрагата продолжува по 12 лица за кои се верува дека биле дома во моментот на нападот. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан