• вторник, 24 декември 2024

Нетанјаху: Во базите на Хезболах во Либан пронајдено најсовремено руско оружје

Нетанјаху: Во базите на Хезболах во Либан пронајдено најсовремено руско оружје

Париз, 17 октомври 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека израелските сили пронашле „најмодерно руско оружје“ при претресите на бази на Хезболах во јужен Либан. 

Тој изјави за Фигаро дека според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2006 година, само на либанската армија и беше дозволено да има оружје во области јужно од реката Литани во оваа земја.

-Меѓутоа, во оваа област Хезболах ископа стотици тунели и засолништа, каде штотуку најдовме количество најсовремено руско оружје, рече Нетанјаху. 

Израелскиот премиер оцени дека нова граѓанска војна во Либан „би била трагедија“. 

-Наша цел секако не е да ја испровоцираме. Израел нема намера да се меша во внатрешните работи на Либан, рече Нетанјаху, додавајќи дека „единствената цел“ на израелската армија е да им овозможи на своите граѓани кои живеат долж границата со Либан да се вратат во областа и да живеат безбедно. 

Најмалку 27 лица загинаа во последните 24 часа во израелските напади на неколку локации во јужен Либан, меѓу кои и градоначалникот на градот Набатијех, Ахмад Калил. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан